Синер паднал на два допинг-теста, но сепак се спаси од суспензија

Јаник Синер се спаси од долга суспензија од тениските турнири откако светскиот рекет број 1 бил позитивен на две допинг-тестирања во месец март.

АТП денеска објави дека е завршен целиот случај против италијанскио тенисер, против кого била покрената истрага откако бил позитивен на забранетата супстанца клостебол во тестирањето во март, за време на настапот во Индијан Велс. Оваа супстанца се користи за зголемување на мускулна маса кај спортистите, поради што следел и втор тест осум дена подоцна, по што и тој бил позитивен.

Челниците на АТП му врачиле автоматска суспензија на Синер, кој поднел жалба за да може да се натпреварува до крајот на истрагата, истата била прифатена, за денеска и официјално Италијанецот да биде прогласен за невин во целиот сопинг-скандал.

Имено, истрагата утврдила дека виновен е физиотерапевтот на тенисерот, кој по една исеченица на раката на Синер зел лек што може да се набави во секоја аптека, а што ја содржел забранетата супстанца. Истрагата потврдила дека лекот бил земен случајно и без намера да се создаде „предност преку земање на недозволени средства“, со што Синер бил прогласен за невин. Единствената санкција кон Италијанецот е одземањето на бодовите од турнирот во Индијан Велс, каде тој стигна до полуфиналето и беше поразен од Карлос Алкараз.

„Среќен сум што можам да го оставам овој тежок период зад мене. Ќе продолжам да правам се што е во моја моќ за целосно да ги задоволувам стандардите на анти-допинг програмата во тенисот“, објави Јаник Синер.

Се вчитува...