Синер по голема борба го доби италијанското дерби против Беретини

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер по голема борба се пласираше во третото коло на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон откако славеше против својот сонародник Матео Беретини со 3-1, по сетови 7-6, 7-6, 2-6 и 7-6.

Клучно во мечот беше тоа што помладиот Италијанец беше посконцентриран во трите тајбрејка кои ги одиграа, додека на Беретини не му беше доволен одличниот трет сет кој го доби со 6-2.

Во третото коло Синер за противник ќе го има српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ.

Се вчитува...