Бајката на Јаник Синер во која забележа 19 последователни победи и не знаеше за пораз од мастерсот во Торино на средината на месец ноевмри заврши во полуфиналето на Индијан Велс каде беше сопрен од страна на младиот Карлос Алкараз.
Со тоа освојувачот на Австралија Опен пропушти шанса да стигне до втората позиција на АТП листата, но и водство во меѓусебните дуели против Алкараз.
„Нема долго да размислувам за прекинот на оваа серија. Беше позитивно дододека победував, дури и сега е позитивно. И покрај тоа што загубив во полуфинале од Индијан Велс мислам дека ова е одличен резултат. Тешко е кога ќе завршиш вака, бидејќи ова е специјално место за мене. Следниот турнир е во Мајами и веќе размислувам за него“, вели Синер.
На почетокот на мечот Италијанецот покажа доминација декласирајќи го Алкраз во првиот сет, но Шпанецот со убедлива игра успеа да направи целосен пресврт до крајот.
„Никогаш не е лесно против него. Се обидов да пружам добар тенис и успеав во првиот дел. После направив неколку грешки и моментумот се промени. Карлос го подигна своето ниво. Бев премногу предвидлив. И Дарен Кејхил се сложи со мене по мечот. Го добив лесно првиот сет и продолжив да играм на ист начин, а тој го промени својот тенис, јас мојот не“, додава Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

