Најдобриот светски тенисер Јаник Синер во понеделникот одржа прес-конференција во Рим откако ја одлежа тримесечната суспензија поради допинг, а оваа недела ќе игра на домашниот турнир, каде, како што самиот рече, нема големи очекувања.
Тоа ќе биде прв настап за 23-годишниот Италијанец откако ја одбрани титулата на Австралија Опен.
„Не очекувам многу од овој турнир. Мојата цел е Париз, не дојдов тука за да победам, туку да се обидам да го поминам првиот натпревар и потоа да видам што ќе се случи. Тешко ми е веднаш да влезам во вистинскиот ритам. Но, многу сум мирен, се чувствувам добро физички и психички. Одморив, што може да се исплати на крајот од сезоната“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

