Синер по тешка борба со Руне до полуфинале во Монте Карло

Тенисерот кој е во најдобра форма сезонава, Јаник Синер по тешка борба успеа да се пласира во полуфиналето на третиот АТП мастерс 1000 турнир во сезоната кој се игра во Монте Карло.

Италијанецот денеска во три сета во четвртфиналето славеше над Данецот, Холгер Руне со 2-1, по сетови 6-4, 6-7 и 6-3. Во полуфиналето Синер за противник ќе го има Гркот, Стефанос Циципас кој денеска со максимални 2-0 беше подобар од Русинот, Карен Хачанов.

Втората полуфинална двојка ќе ја дадат дуелите меѓу Ѓоковиќ и Де Минор и Руд и Умбер.

 

Се вчитува...