Јаник Синер беше херојот на победата на Италија во полуфиналето на Дејвис купот. Четвртиот светски рекет најпрвин го совлада Новак Ѓоковиќ во сингл, 6-2, 2-6, 7-5, а потоа заедно со Сонего победија во двојки против Кецмановиќ и Ѓоковиќ со 6-3, 6-4.
„Одевме по секој поен. Ни помогна кога издржавме 0-40 и три брејк топки, пред се поради нашата самодоверба, особено што го добив Новак во сингл. Тоа ми даде крилја. Не беше лесно да се одигра решавачки двомеч во полуфиналето. Сепак, направивме се добро“, изјави Синер.
Италија во финалето кое е закажно за денеска ќе игра против Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА