Синер, поради допингот, исфрлен од изборот за спортист на годината

Светската фондација „Лауреус“, која е организатор на манифестацијата за доделување на престижното признание „Спортист на годината во светот“, го исфрли италијанскиот тенисер Јаник Синер од листата кандидати за признанието за 2024 година.

Причината секако е суспензијата од три месеци која ја доби италијанскиот тенисер, поради допинг скандалот.

„Одлучено е кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината да биде повлечена. Го следевме неговиот случај и сметаме дека суспензијата од три месеци ја прави неговата кандидатура невозможна. Јаник и неговиот тим се веќе информирани“ – објасни директорот на фондацијата, Шон Фицпатрик.

Се вчитува...