Синер: „Поразите од Ѓоковиќ ми беа вистински лекции…, по скандалот видов кои ми се вистински пријатели“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер зад себе остава, се чини, пресвртна година која ја завршува сосема заслужено на првото место на листата на најдобрите тенисери.

Година во која запиша и победи на сите мечеви против Новак Ѓоковиќ, што веќе ја најавува и неговата извесно блескава кариера.

„Многу се засилив оваа година, и ментално и физички. Ми беше многу тешко и поради скандалот со допингот. Не можев со никого да зборувам за тоа, имав многу непроспиени ноќи иако знаев дека не сум крив. Се прашував што ќе речат другите, како ќе ме гледаат. И, после се, видов кои ми се вистинските пријатели“ – вели Синер.

Италијанецот откри и дека поразите од Ѓоковиќ му биле добра лекција кои му помогнале низ периодот потоа да бележи далеку подобри резултати.

„Тоа беше одличен ментален пристап дека поразот не е неуспех, туку можност за лекција преку која да се развиете во посилна личност“ – дополнува Синер.

Се вчитува...