Синер повторно подобар од Медведев, трофеј на Италијанецот во Виена

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на АТП турнирот во Виена, откако во финалето беше подобар во три сета од Русинот, Данил Медведев.

Нешто слично како и во Кина, Синер повторно беше подобар од првиот носител и третиот светски тенисер Медведев победувајќи со 7-6(7), 4-6 и 6-3.

Беше тоа нова голема борба меѓу двајцата тенисер, во мечот кој траеше три часа и шест минути.

Јаник стигна до четвртата титула сезонава откако беше најдобар во Пекинг, Монпеље и Торонто.

За победата во финалето, освен 500 АТП поени, заработи и 450.650 евра.

Се вчитува...