Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето од првиот грен-слем турнир во сезоната, Австралија Опен совладувајќи го Данецот Холгер Руне со 3-1.
Синер првиот сет го доби со 6-3, Руне возврати во иста мера во вториот сет, за во преостанатите два Италијанецот да слави со 6-3 и 6-2.
Во следната фаза светскиот тенисер број еден силите ќе си ги одмери со подобриот од средбата помеѓу Мичелсен и Де Минаур.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

