Јаник Синер се соочи со проблеми на стартот, но сепак успеа рутински да слави над Американецот Мекензи Мекдоналд во својот прв меч на овогодинешното издание на УС Опен, триумфирајќи со 3-1 во сетови.
Првиот сет неочекувано мина во доминација на Мекдоналд, кој славеше со 2-6, а потоа стигна и до брејк на самиот старт од вториот сет. Американецот (140. на АТП-листата) имаше и неколку шанси да поведе со 2-0, но Синер успеа да се разбуди во вистински момент, стигнувајќи до рибрејк по кој Италијанецот целосно ја презеде контролата над мечот. Тој најпрвин го доби вториот сет со 6-2, потоа во третиот славеше со убедливи 6-1, за во четвртиот сет Синер повторно да му препушти само два гејма на противникот, за конечни 3-1 во сетови.
Негов следен противник ќе биде Американецот Микелсен, кој во својот меч од првото коло славеше над квалификантот Спицири со 3-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

