Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Јаник Синер е првиот финалист на АТП завршниот турнир кој се игра во италијанскиот град, Торино.
Домашниот тенисер без поголеми проблеми славеше во полуфиналето против Австралиецот, Алес де Минор со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-2.
Во финалето Синер каде што ќе ја брка својата втора титула на завршниот турнир го чека подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат неговиот најголем ривал, Карлос Алкараз од Шпанија и Канаѓанецот, Феликс Оже Алијасим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

