Еден од најдобрите тенисери во светот, Јаник Синер продолжува со сигурни чекори кон одбраната на титулата на завршниот АТП мастер турнир кој се игра во италијанскиот град Торино.
Иако по првите две кола Италијанецот веќе го осигура првото место во групата, тој денеска славеше и против Бен Шелтон во натпревар кој немаше резултатско значење со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.
Во полуфиналето Синер за противник ќе го има Австралиецот, Алекс де Минор. Во второто полуфинале Карлос Алкараз го чека подобриот од дуелот меѓу Александер Зверев и Феликс Оже-Алијасим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

