Синер сака да биде Ѓоковиќ – Го собира шампионскиот стручен штаб на Новак

Јаник Синер по одличната година во која стигна до две грандслем титули и веќе 14 недели е на првото место на АТП листата, сака дополнителен свој раст и во следната 2025 година како преодна на патот кон височините кои во кариерата ги достигна Новак Ѓоковиќ.

Токму затоа, како што пренесува „Газета дело спорт“, сака да состави комплетно нов стручен штаб. Но, тоа што е интересно е што во новиот свој стручен штаб сака да ги ангажира кондицискиот тренер Марко Паники и физиотерапевтот Клаудио Цимаља, и двајцата во минатото дел од стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ кои имаа огромен придонес за фантастичната форма и резултатите на Србинот.

Дел од италијанските медиуми пренесуваат дека како тренер сака да го ангажира и Горан Иванишевиќ, но засега нема потврда на тие најави. Синер во моментов е на првото место на АТП листата со повеќе од 4.000 бода предност пред второпласираниот Александар Зверев и двојно повеќе бодови од Ѓоковиќ кој е на четвртата позиција.

Се вчитува...