Синер: Се обидувам да најдам самодоверба

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер и Американецот Тејлор Фриц ќе се борат за трофејот на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен. Италијанецот во полуфиналето со максимални 3-0, по сетови 7-5, 7-6 и 6-2 славеше над Британецот Џек Дрејпер.

Иако многумина очекуваа дека притисокот на јавноста ќе биде доста висок врз Синер бидејќи тој дојде во Њујорк по објавувањето на информацијата дека двапати паднал на допинг тест во 2024 година.

„Одевме ден по ден, без многу очекувања. Се обидувам да ја најдам мојата игра, мојот ритам. Се обидувам да најдам самодоверба. Трениравме напорно во деновите меѓу натпреварите, обидувајќи се да се подготвиме што е можно подобро. Среќен сум што сум во финалето. Ова е посебен турнир за мене поради се, ќе видиме што ќе се случи во недела“, изјави Синер. 

Се вчитува...