Синер се огласи по допинг скандалот: Сега знам кој ми е пријател, а кој не

Светскиот рекет број еден, италијанскиот тенисер Јаник Синер се најде во центарот на скандал откако беше позитивен на два допинг теста. Тој сепак не доби суспензија, ниту било каква казна што предизвика и лавина на реакции во јавноста.

Синер сега се најде и пред новинарите. Во пресрет настапот на УС Опен тој отворено говореше на разни прашања и ја раскажа својата страна од приказната.

„Целта ситуција е многу проста на еден начин бидејќи не информираа дека сум позитивен на тест, прво што моравме да направиме е да дознаеме за која точно супстанца станува збор. Бидејќи Умберто (еден од луѓето од тимот на Синер) е тип кој многу многу добро ги познава сите процеси и што се се наоѓа во намирниците кои ги користам, бидејќи има високо образованиот во областа на фармацијата, него го прашавме.

Веднаш знаеше дека станува збор за неговиот спеј. Знаејќи дека е во прашање спеј и како заврши на моето тело веднаш се обративме до антидопинг агенцијата и објаснивме што се случи. Затоа постоеше шанса да продолжам да играм тенис. Знаев дека ништо не погрешив, дека сум чист и намерувам да останам фер играч.

Секој кој ме познава добро знае дека не направив ништо и дека никогаш нема да направам нешто против правилата. Не морам да поменувам дека ова беше многу тежок период за мене и мојот тим… Вака дознав кој е мој пријател, а кој не, бидјеќи моите пријатели знаат дека никогаш не би направил нешто такво и ќе останат со мене без оглед на се“, вели Синер.

Се вчитува...