Еден од најдобрите тенисери на денешницата Јаник Синер се повлече од мастерсот во Мадрид.
Тој во четврток требаше да игра во полуфиналето против Феликс Оже-Алиасим, но вечерва објави дека бил принуден да се повлече од турнирот поради повреда.
„Многу сум тажен што морам да се повлечам пред следниот натпревар во Мадрид. Колкот ме мачи цела недела и постепено станува се полошо. По лекарски совет, решив дека е најдобро да не продолжам да играм на турнирот за да не ги влошам работите. Ќе имам дополнителни прегледи во наредните денови и ќе ги следам советите на докторите за време на опоравувањето. Ви благодариме на сите за поддршката“, рече Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА