Италијанскиот тенисер Јаник Синер има сериозни проблеми со лактот.
Италијанецот во осминафиналето против Григор Димитров побара медицински тајм-аут и доби масажа од физиотерапевт, а потоа на прес-конференција даде детали за потенцијалниот проблем.
„Тоа се случи многу рано на натпреварот. Првиот гем. Сосема несреќен пад. Не изгледаше како тежок пад, но сепак го почувствував многу. Особено на сервис и форхенд. Можев да го почувствувам. Ќе видиме. Ќе провериме“, изјави Синер.
Со оглед на неговата физичка непријатност, постои реален сомнеж дека ќе биде целосно подготвен за четвртфиналниот дуел против Американецот Бен Шелтон.
Сега се зависи од снимките и лекарските прегледи кои ќе покажат дали лактот е посериозно повреден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

