Синер: „Се виде дека Новак има повреда, но останав концентриран до крај…“

Јаник Синер не криеше дека е убаво чувството да се победи против седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ. Синер убедливо славеше во три сета, по само два часа игра, за свое прво финале на Вимблдон.

„Одлично е. Не можам да поверувам, ова е турнир што го гледав како дете, не можев да замислам дека ќе играм во финалето. Мојот тим вложи многу труд, татко ми и брат ми се тука, тоа многу ми значи“ – рече Синнер и дополни:

„Сервирав одлично, се движев многу добро. Можеше да се види во третиот сет дека Ѓоковиќ почувствува повреда, падна во претпоследниот поен, но јас останав смирен и многу сум среќен поради мојата одлична игра, ќе видиме сега што ме чека во финалето“.

Од 1995 година, само четири играчи (Ѓоковиќ, Надал, Федерер и Мареј) играле во секое грандслем финале.

„Да, тоа е одлично друштво. Покажува дека се развивам како играч на сите нивоа. Ме стимулира да продолжам да работам, порано не се движев добро, сега е многу подобро, многу сум среќен. Јас и мојот тим постојано работиме и затоа направивме вакви работи, сакаме да играме уште подобро“.

Во финалето против Карлос Алкараз…

„Не знам, го видовте тоа последно финале. Голема чест е да го делам теренот со него. Веќе многу пати реков дека се натпреваруваме еден со друг, тој е огромен талент, мислам дека ќе биде одличен натпревар. Се надевам дека нема да игра вака добро, верувам дека ќе уживате“- смета тенисерот број еден во светот.

Се вчитува...