Се уште најмладиот шампион на Вимблдон, Борис Бекер не го крие својот впечаток за квалитетот на неговиот најнов наследник на лондонскиот престол. Можеби фактот дека Јаник Синер е од австрискиот дел на Италија, дека неговиот мајчин јазик е германскиот и дека ги постигнува своите победи во голема мера благодарение на германскиот менталитет, исто така, внесува посебен шмек.
Бекер верува дека Синер, со својот триумф на Вимблдон, значително се издвои од своите најголеми ривали:
„Најголемиот противник на Јаник сега е самиот тој, тој го гледа својот најголем ривал во огледало. Неговиот најголем квалитет е менталната сила. Тој се врати од тримесечна суспензија и играше во финалето во Рим и Ролан Гарос, а сега го освои Вимблдон.
Кога на тоа ќе се додаде дека Синер загубил само еднаш против ривал кој не се вика Алкараз од минатиот август – против Александар Бублик во Хале – јасно е колку е стабилен Италијанецот“, изјави Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

