Синер со големи проблеми пред УС опен

Австралискиот тренер Дарен Кејхил нема да биде дел од тимот на Јаник Синер на претстојното Отворено првенство на САД во Њујорк.

Човекот кој е во голема мера заслужен за напредокот на италијанскиот тенисер ќе го пропушти Отвореното првенство на САД каде што Синер ќе ја брани титулата, објавува „Ла Република“.

Оваа недела беше објавено дека првиот играч во светот го вратил во својот тим фитнес тренерот Умберто Ферара, кој работел со него од мај 2022 до септември минатата година. Тие ја прекинаа соработката по скандалот со употребата на клостебол.

Кејхил е во тимот на Синер од 2022 година, а кога неодамна го победи Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, сите истакнаа дека влијанието на Австралијанецот било клучно.

Се вчитува...