Синер со многу маки до триумф во првото коло од Австралија Опен

Светскиот рекет број еден и бранител на грен-слемот Австралија Опен со многу маки ја оправда фаворитската улога против Николас Џери во првиот меч на првот голем турнир во сезоната.

Италијанецот првите два сета ги доби со 7-6 (7-2 и 7-5), а во третиот го надмина отпорот на чилеанскиот тенисер па со 6-1 закажа средба со Тристан Сколкејт.

 

Се вчитува...