Јаник Синер приреди шокантен потег пред УС Опен во Њујорк врачувајќи им отказ на двајца свои блиски соработници.
Синер ги отпушти Умберто Ферари и Џакомо Налди непосредно пред почетокот на Отвореното првенство на САД. Првиот е фитнес тренер, вториот е физиотерапевт, а светскиот тенисер број еден очигледно ги смета за виновни што забранетата супстанца „клостебол“ се најде во неговото тело за време на Мастерсот во Индијан Велс во април оваа година, па половина година подоцна тој заврши во центарот на допинг скандал.
Јаник Синер смета дека нивното невнимание го чинело пад на допинг тест и одземање на АТП поени, поради што ја заврши соработката со нив.
Но, пред се смета дека му е нарушена репутација. Италијанецот беше нападнат од спортскиот свет, многумина посочија прст на него и АТП поради благите санкции, а претходно Симона Халеп, на пример, која исто така тврдеше дека е невина, сепак доби долга суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА