Синер според планот, Медведев елиминиран во Рим

Јаник Синер продолжува со добрите игри по камбекот по допинг-казната откако италијанскиот тенисер забележа уште една рутинска победа на турнирот во Рим. Негов противник денеска беше Черундоло од Аргентина, кого Синер без многу мака го доби со максимални 2-0 во сетови.

Првиот сет донесе израмнет тенис во кој Синер славеше во тајбрејк со 7-2, додека вториот мина во апсолутна доминација на првиот носител, кој по 1-1 направи два брејка и експресно поведе со 5-1. Черундоло не се предаде, врати еден брејк, но Синер знаеше како да го приведе мечот до крај, триумфирајќи со конечни 6-3. Следен противник на првиот светски рекет ќе биде победникот од дуелот Руд –  Мунар.

Данил Медведев одигра уште еден слаб турнир на земјена подлога, губејќи во денешниот дуел со Мусети со 0-2 во сетови. Тој имаше проблеми со сервисот пред крајот на првиот сет губејќи го со 5-7, потоа Мусети направи брејк и во првиот гејм од вториот сет, задржувајќи ја предноста до самиот крај и конечните 4-6.

Карлос Алкараз загуби сет, но сепак успеа да го елиминира Русинот Хачанов со 2-1, а со ист резултат славеше и Хуркач против чешкиот талент Менсик.

Се вчитува...