Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Јаник Синер успешно ја стартуваше одбраната на завршниот АТП турнир во Торино.
Италијанецот го победи Феликс Оже-Алијасим со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-1, заокружувајќи одличен биланс. Тој нема загубено меч во затворено точно две години. Последниот што го победил беше Новак Ѓоковиќ во финалето на истиот турнир во 2023 година.
По мечот тој даде интересен одговор на прашањето дали ги следи натпреварите на најголемите ривали во Торино.
„Не, речиси никогаш не ги гледам. Ги знам резултатите, но ретко ги погледнувам. Секогаш сум внимателен во моите подготовки, никогаш не го поместувам тренингот за да ги гледам другите. Можеби подоцна ќе проверам некои од одличните потези. Не сакам да трошам енергија“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

