Синер во 2. коло на Австралија Опен, Серундоло ги расплака Австралијците, елиминација на Чилиќ

Четвртиот носител на Австралија Опен, Италијанецот Јаник Синер се пласираше во втората рунда натпревари по победата против Холанѓанецот Ботик Ван де Зендшулп на стартот на првиот грандслем турнир во годината.

Синер по два часа и 34 минути славеше во три сета, со 6-4, 7-5 и 6-3.

Го имаше Синер тоа бреме на фаворит, не успеа лесно да мине во следното коло но на крај успеа да го скрши отпорот на секогаш незгодниот холандски тенисер.

Аргентинецот Франциско Серундоло, пак, кој е на 22. место на светската АТП листа, ги растажи домашните навивачи по голема борба во пет сета совладувајќи го Австралиецот Дејн Свини со 3-6, 6-3, 6-4, 2-6 и 2-6.

Свини, кој има 22 години, е на 257. место на АТП листата но доби специјална покана за настап од организаторите.

Серундоло во второто коло ќе игра против Унгарецот Фабијан Марошан кој беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ победувајќи го со 6-1, 2-6, 6-2 и 7-5.

Се вчитува...