Најдобриот тенисер во светот, Италијанецот, Јаник Синер ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска во големото финале без проблеми, со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-3 славеше над Германецот, Александер Зверев.
Италијанецот по освојување на трофејот изјави дека во Мелбурн се чувствува како дома…
„Ова е неверојатен турнир, само се надевам дека ќе продолжи вака. Тука се чувствувам како дома. Ова беше тежок меч. Зверев е неверојатен тенисер. Продолжи да работиш напорно и верувај дека многу брзо ќе освоиш и ти гранд-слем трофеј“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

