Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, се пласираше во третото коло на Ролан Гарос. Италијанецот го победи локалниот тенисер Ришар Гаске во второто коло на Гренд слемот во Париз и го испрати во пензија.
Синер победи со максимални 3:0, во сетови 6:3, 6:0, 6:4, а натпреварот траеше еден час и 59 минути игра. Така заврши богатата кариера на 38-годишниот Гаске, познат по својот еднорачен бекхенд, кој некогаш беше седмиот тенисер во светот, кој има 16 АТП титули во своите витрини, додека неговите најголеми успеси беа во полуфиналето на Гренд слем турнирите на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.
Во третото коло, Синер ќе игра против Чехот Јиржи Лехечка.
Третиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев, понатаму. Тој го победи Холанѓанецот Јеспер де Јонг со 3:1, во сетови 3:6, 6:1, 6:2, 6:3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

