Синер во центарот на нов скандал: „Дали Кина ги украде мозочните ‘бранови’ на Јаник?“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер повторно е дел од истрага, но не поради некаков вид прекршок пред институциите, но овој пат со матичната компанија која ги произведува најсовремените слушалки што тој ги носи за време на тренинг за подобрување на концентрацијата.

Истражувачкиот новинар Пабло Торе се занимаваше со овој случај а поврзан со компанијата „ФокусКалм“.

„Стартапот од Харвард беше финансиран од кинеската влада речиси една деценија пред да се пресели во Кина и соработуваше со компании за роботика за обука на идни војници“ – вели Торе споделувајќи видео од неговата емисија на јутјуб, насловена како „Дали Кина ги украде мозочните бранови на Јаник?“.

Истрагата на Торе ги преминува границите на спортот, технологијата и меѓународната политика и веројатно ќе доведе до поголема приказна. Патем, Торе е новинар кој неодамна почна да се занимава со Кавај Леонард и аферата поврзана со неговата соработка со измамничка компанија за садење дрвја.

Следниот турнир на Синнер ќе биде токму во Пекинг на 24 септември.

Се вчитува...