Синер го врати „виновникот за позитивен допинг тест“ во својот тим

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објави дека дел од неговиот тим повторно ќе биде тренерот за физичка подготвеност, Умберто Ферар, човекот кој беше прогласен за „виновен“ за позитиниот допинг тест кој му донесе тримесечна суспензија во 2024 година.

Синер беше позитивен на клостебол, забранета суспстанца поради која два пати се појави во неговиот организам. Образложението за позитвините тестови беше дека бил масиран од страна на Ферар со маст за рана која ја содржи супстанцата која ја зголемува мускулната маса.

„Умберто имаше важна улога во развојот на Јаник и неговото враќање во тимот покажува желба за продолжување на играта на највисоко ниво“, стои во објавата на тимот на италијанскиот тенисер.

Се вчитува...