Синер за контроверзите со допингот: „Не знам, прашајте ги критичарите…“

Јаник Синер го освои својот втор грандслем турнир славејќи против Тејлор Фриц во три сета во финалето на УС Опен.

Италијанецот по мечот, меѓу другото, одговараше и на прашањето што значи оваа титула за критичарите кои му ги оспоруваат резултатите поради позитивниот допинг тест.

„Не знам, тоа мора нив да ги прашате. Прашајте ги и останатите тенисери. Јас тоа навистина не го знам“ – рече Синер и дополни:

„Мислам дека реакцијата на поголемиот дел од тенисерите беше прилично позитивна, дури и кога се се откри. Секако, имаше и поинакви размислувања, но така е тоа во се, не само во тенисот“.

Првиот светски тенисер смета дека луѓето секако ќе зборуваат без разлика што тој и да направи.

„Не можам, во принцип, ништо да направам во врска со тоа. Затоа имате на вас блиски лица, а тоа се луѓе кои знаат што навистина се случило и низ што јас и мојот тим минавме. И да. Тоа е тоа. Јас можам да зборувам од мој агол и од аспект на мојот тим. Сите сме горди на овој успех“ – вели Синер.

Се вчитува...