Синер за само еден час игра го „збриша“ Ѓоковиќ во полуфиналето на „Шест крала“

Италијанецот Јаник Синер ќе игра во финалето на егзибицискиот турнир „Шест Крала“ во Ријад, Саудиска Арабија, откако во полуфиналната пресметка го збриша Новак Ѓоковиќ.

Синер победи за само еден час игра добивајќи го мечот во два сета, со 6-4 и 6-2.

Во финалето Синер, очекуваноќ се соочи со Карлос Алкараз кој во првото полуфинале беше подобар од Американецот Томас Фриц.

Се вчитува...