Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен.
Италијанецот во третото коло славеше против американскиот тенисер, Елиот Спицеро со 3-1, по сетови 4-6, 6-3, 6-4 и 6-4. Во осминафинаелто двократниот шампион во Мелбурн за противник ќе го има својот сонародник Лучијано Дардери кој изненадувачки славеше над Карен Хачанов од Русија.
Во осминафиналето во машкиот дел од ждребот се пласираа и: Музети и Шелтон.
Кај дамите пласман меѓу 16 најдобри досега обезбедија: Пегула, Кис, Анисимова и Мертенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

