Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер продолжува со одличните резултати сезонава. Италијанецот иако потешко од очекуваното успеа да ја мине првата пречка на АТП мастерсот од серијата 500 во Пекинг.
Во 1. коло првиот рекет во светот беше подобар од Чилеанецот Николас Џари со 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-1. Во осминафиналето за противник Синер ќе го има подобриот од дуелот меѓу искусниот Швајцарец, Стен Вавринка и Германецот, Жан Ленард Штруф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА