Сингапур домаќин на СП во водени спортови во 2025 година

Светското првенство во водени спортови во 2025 година ќе се одржи во Сингапур, соопштија раководните лица на Светската пливачка федерација.

Планетарното првенство вклучува натпревар во шест дисциплини: пливање, пливање на отворени води, ватерполо, скокови во вода, синхронизирано пливање, и скокови во вода од платформа.

„Направивме одлична работа. Сингапур има одлична инфраструктура, искуство во организирање на големи пливачки натпревари, така што очекувам вистински спектакл“, изјави Хусаин Ал Мусалам, претседател на Светската куќа за пливање.

Светското првенство во пливање ќе се одржува четири последователни години. Лани беше во Будимпешта, годинава на програмата е во Фукуока, Јапонија, следната во Доха, а во 2025 година во Сингапур.

 

 

 

Се вчитува...