МЗТ Скопје лесно славеше со 89-78 над Пелистер на денешниот втор меч од полуфиналната серија, пласирајќи се во големото финале од плејофот каде ќе ги одмери силите со Еуро Никел.
Аеродромци со ова ја продолжуваат доминацијата на домашната кошаркарска сцена, со оглед на фактот дека ова ќе биде нивно деветто финале во низа во плејофот, а на претходните осум стигнаа до седум шампионски титули. Пелистер цела сезона играше одлична кошарка, но без помошта на Марјан Илиевски од клупата битолчани беа немоќни да сторат нешто повеќе, па на крајот не им преостана ништо друго освен да му честитаат на подобриот противник.
МЗТ како актуелен првак ќе ја има фаворитската улога во големото финале, но јасно е дека Еуро Никерл има потенцијал да изненади, избраниците на Самарџиев остварија огромен успех со елиминацијата на Работнички, а сега ќе се обидат да го земат и скалпот на „сино-белите“ од Аеродром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА