Шпански Вилјареал поради серијата лоши резултати го смени тренерот Хозе Рохо Мартин Пакета, иако во четвртокот вечерта на Кипар тимот го совлада Макаби Хаифа со 2-1. Триумфот во Лига Европа очигледно не беше доволен Пакета да си ја спаси работата бидејќи тимот не покажа напредок во играта ниту против Израелците.
Шпанските медиуми пренесуваат дека управата му поставила ултиматум на Пакета, тимот да ја подобри играта на натпреварите со Макаби и Атлетико Матрид, но како што увидоа, тоа не се случи.
Спортскиот директор Михел Анхел Тења ќе работи со тимот додека не се најде трајно решение. Главен кандидат за замена на Пакета е Марселињо Гарсија Торал, кој доби отказ од францускиот Олимпик Марсеј по само осум натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

