Синот на Анчелоти ќе води клуб во Премиер-лигата?

Клупата на Евертон остана празна по заминувањето на Френк Лампард. Почна да се шпекулира со името на неговиот наследник, а меѓу фаворитите за преземање на клупата на премиерлигашот е и синот на Карло Анчелоти, Давиде.

Како што пишуваат англиски медиуми Давиде кој во моментов е помошник на својот татко во Реал Мадрид е пред вратите на „Гудисон парк“.

„Давиде сигурно би донел богато искуство од некои од најдобрите европски клубови. Прво работеше како тренер во Пари Сен Жермен и Реал Мадрид пред да стане помошник на Анчелоти во Баерн Минхен. Тој продолжи во таа улога во Наполи и Евертон пред да се приклучи на Реал со својот татко.  Давиде дури и го водеше натпреварот минатата сезона против Селта Виго кога Анчелоти беше позитивен на Ковид“, пишуваат англиските медиуми.

Се вчитува...