Синот на Анчелоти почнува самостојна кариера и го презема шкотскиот гигант

Откако актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше потврден за нов селектор на Бразил , иднината на неговиот син Давиде, кој моментално е негов помошник, е речиси решена, пишува „АС“.

На 35 години, Давиде Анчелоти се подготвува да започне кариера како главен тренер и наводно е многу блиску до преземање на Ренџерс . Италијанскиот Комо исто така ја следи ситуацијата, доколку Цеск Фабрегас си замине од клубот, со оглед дека е баран од поголеми клубови.

Давиде ќе му биде помошник на својот татко во натпреварите на Бразил против Еквадор и Парагвај во јуни, по што ќе започне нова етапа во својата кариера, која очигледно ќе биде во шкотскиот гигант. Со него ќе биде Франческо Маури, пријател и воедно асистент на Анчелоти.

Анчелоти Јуниор има понуда и од Саудиска Арабија, но тој не размислува засега за трансфер во оваа земја.

Се вчитува...