Синот на Ангел Јорданеску нов селектор на Романија

Едуард Јорданеску, е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Романија. Тој доаѓа на местото на Мирел Радои, кој после квалификациите за СП го напушти кормилото на Романците, кои беа заедно со Македонија во групата, и не успеаја да обезбедат бараж, иако беа во поволна позиција.

Едуард е син на поранешниот селектор на Романија, Ангел Јорданеску кој три пати се враќаше на кормилото на Романија.

Новиот селектор немаше импресивна играчка кариера, а тренерската ја почна како асистент во Стеауа Букурешт. Потоа беше во Васлуи, па во Таргу Муреш, ЦСКА Софија, Астра, Клуж два пати, Газ Метан, беше и во ФЦСБ, а сега е на кормилото на Романија.

Се вчитува...