Синот на Дејан Станковиќ пред трансфер во Арсенал

Скаути на Арсенал синоќа биле во Мадрид, каде го следеле мечот помеѓу Атлетико и Бриж во рамките од плеј-офот во Лигата на шампионите. На крајот резултатот беше 4-1, а според српските медиуми, скаутите го следеле настапот на српскиот репрезентативец Александар Станковиќ, син на прославениот екс играч на Лацио и Интер, и сегашен тренер на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ.

20-годишникот беше во првите 11 за својот тим, а Арсенал сака да го ангажира, и покрај тоа што Интер има можност да го добие за 20 милиони евра, колку што изнесува клаузулата. Токму од Интер тој замина во Бриж.

Откако интересот се зголемил, Интер ја разгледува можноста да го откупи за 20 милиони, а потоа веднаш да го продаде за поголема сума. Сепак, малку е веројатно дека „нероазурите“ би добиле драситчно поголема сума на пари од 25 милиони евра од заинтересираните клубови.

Се вчитува...