Синот на Диего се заканил со бегство од болница од Неапол за да стигне на погребот во Аргентина

Диего Марадона Јуниор, синот на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, веста за смртта на својот татко ја дознал во болница „Котуњо“ во Неапол каде во моментов се лечи од коронавирус.

Веднаш по дознавањето на веста, Марадона јуниор побарал од болницата да биде пуштен за да може на време да стигне на погребот на својот татко во Аргентина. Но, со оглед на тоа што неговото лекување се уште е во сериозна фаза откако пред неколку дена побарал лекарска помош поради влошената здравствена состојба, од болницата не сакаат ниту да слушнат да замине на долг пат се уште позитивен на Ковид-19.

Сепак, 34-годишниот Марадона јуниор се заканил дека ќе побегне од болницата и ќе замине во Аргентина.

Диего Марадона јуниор е син на аргентинската легенда од врската со Кристина Синагра, која Марадона ја запозна додека играше за Наполи. Дури по многу години, во 2004 година, неговиот татко го призна на суд како негов вонбрачен син, откако претходно во 2003 година двајцата се сретнаа.

Се вчитува...