Џовани Симеоне, еден од синовите на легенданриот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе има нов клуб летово. Актуелниот член на Наполи е пред селидба во друг клуб во Италија.
Торино веќе постигна договор со италијанскиот првак за трансфер на 30-годишниот Симеоне, кој треба да ги мине само лекарските прегледи и да го стави потписот со својот нов клуб.
За Симеоне тоа би бил шести клуб во Италија. Освен Наполи, во минатото настапуваше и за Џенова, Фиорентина, Каљари и Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

