Синот на Диего Симеоне заработи хорор повреда и го чека долга пауза (ВИДЕО)

Играчот на шпанскиот тим Бургос, Хозе Матос со стравичен старт му ја скрши ногата на напаѓачот на Алавез, Џулијано Симеоне, кој е син на легендарниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Симеоне замина во Алавез за да се докаже, но долго време ќе нема официјално деби за Алавес, поради страшната повреда. Тој доживеа стравично кршење на ногата. Џулијано доби шанса да игра во пријателскиот меч, но во 86. минута се случи брутален старт од страна на левиот бек на Бургос.

Интересно е тоа што судијата за овој старт му покажа само жолт картон, иако заслужи многу повеќе од тоа.

20-годишниот напаѓач сега го чека долга пауза. Тој е дел од Атлетико Мадрид, а сезонава требаше да ја мине како позајмен. Минатата сезона ја мина на позајмица во Сарагоса.

Се вчитува...