Синот на Ибрахимовиќ потпиша договор со Милан

Синот на славниот Златан Ибрахимовиќ, Максимилијан го потпиша првиот професионален договор во кариерата со Милан, клубот во кој е неговиот татко.

Ибрахимовиќ јуниор, кој има 17 години, ќе игра за младинскиот тим на „росонерите“, бидејќи минатата сезона настапуваше за тимот до 18 години.

Најчесто игра на позицијата лево крило, но може да биде корисен и на другите напаѓачки позиции како и во средниот ред. Минатата сезона одигра 29 натпревари и постигна три гола за тимот до 18 години.

Неговиот славен татко, кој кариерата ја заврши во Милан, одигра речиси 1000 натпревари и постигна 550 гола во неговата одлична кариера во Малме, ПСЖ, Интер, Милан, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Барселона, Лос Анџелес Галакси и шведската репрезентација.

Се вчитува...