Синот на Ибрахимовиќ во тимот на Милан за Суперкупот на Италија

Синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ, Максимилијан, го доби својот прв повик од Масимилијано Алгери во првиот тим на Милан.

Ибрахимовиќ јуниор е вклучен во тимот кој се упати кон Ријад, каде што ќе се игра финалето на италијанскиот Суперкуп. Тренерот на „росонерите“ не можеше да смета на шест играчи, па повлече неколку од тимот на „Примавера“, вклучувајќи го и синот на Златан.

Златан Ибрахимовиќ, како што е познато, играше за Милан во два наврати, по завршувањето на кариерата остана во клубот, беше во спортскиот менаџмент, а моментално има улога на советник во администрацијата.

Славниот клуб сега има двајца Ибрахимовиќ – едниот во менаџментот, другиот на теренот, со оглед на тоа што помладиот ќе мора да се докаже и да го заработи својот статус меѓу сениорите.

Максимилијан е член на Милан од 2022 година, три години подоцна беше префрлен во тимот до 23 години каде што работеше под команда на Масимо Ода. Во 15 натпревари, тој постигна 4 гола и имаше две асистенции за само 800 минути на теренот. Ибрахимовиќ јуниор игра како левокрилен офанзивец.

Лесно може да се случи „малиот“ Ибра да дебитира против Наполи во полуфиналето на Суперкупот (четврток 21), со оглед на недостатокот на напаѓачи во сегашниот состав на Милан.

Алегри, меѓу другите, не смета на Хименез (опериран), Рафаел Леао (не е подготвен).

Се вчитува...