Синот на прочуениот хрватски стратег Јасмин Репеша, Дино ќе биде нов тренер на кошаркарскиот великан Цибона.
Бариша Красиќ беше в.д. тренер на Цибона и се чинеше дека тоа ќе стане трајно решение, но „под кулата“ се решија на друг потег. Нов тренер на Цибона ќе биде Дино Репеша, синот на поранешниот хрватски тренер, а денеска спортски директор на Хрватскиот кошаркарски сојуз, Јасмин Репеша.
Во текот на кариерата Репеша на клупата на чешките Пардубице и Прага, а како асистент работеше во Цедевита и Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА