Синот на Карло Анчелоти превзема бразилски великан

Давиде Анчелоти, синот на легендарниот италијанскиот тренер Карло Анчелоти го добива првиот самостоен ангажман како прв тренер. 36-годишникот ќе го предводи Ботафого, клубот кој е актуелен освојувач на бразилското првенство и Копа Либертадорес.

Давиде девет години е помошен тренер во стручниот штаб на својот татко следејќи го во Баерн Минхен, Наполи, Евертон и Реал Мадрид, а сега и од бразилската репрезентација.

Младиот италијански стратег се поврзуваше и со ангажман во Глазгов Ренџерс, но на крајот на место шкотскиот ќе го предводи бразилскиот великан.

Се вчитува...