Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс, наскоро ќе се врати на теренот и ќе дебитира за Универзитетот Јужна Калифорнија. Убавите вести ги донесе семејството Џејмс, кое изнесе соопштение и најави дека наскоро Брони ќе се најде на теренот и да заигра натпревари.
Во јули месец Брони Џејмс имаше срцеви проблеми, откако му беше дијагностициран застој на срцето во текот на еден тренинг.
„Брони е прегледан, се е чисто и подготвено за враќање на терен. Брони ќе има конечна одлука со стручниот штаб на Јужна Калифорнија, се враќа на тренинзите наскоро, и ќе треба да игра и натпревари“, соопшти портпаролот на семејството на Џејмс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

