Синот на Леброн ги замолкна критичарите – Брони знаел да игра кошарка (ВИДЕО)

Синот на легендарниот Леброн, Брони Џејмс, изминатово лето беше избран како 55-ти пик во НБА лигата, но не успеа да се наигра во најсилното светско клупско првенство, наидувајќи на серија критики.

Па, сега игра во развојната лига во САД, во редовите на Саут Беј Лејкерс, каде покажува дека, сепак, знае да игра кошарка. Во желбата за стекнување на неопходно искуство игра за развојниот тим на Лос Анџелес, издвојувајќи се на натпреварот против Вали Санс, развојниот тим на Феникс.

Брони мина 25 минути на паркетот, постигнувајќи 30 поени, дополнети и со три скока, две асистенции, и по една блокада и украдена топка.

Се вчитува...